Грција ја замрзнува концесијата на аеродромите

115

gr

Грција планира да го преиспита договорот со германскиот оператор Fraport за оперирање со 14 аеродроми.

“Договорот сè уште не е затворен. Побаравме да биде замрзнат за да го разгледаме”, изјави грчкиот министер Алекос Флабурасис, јавува Ројтерс.

Договорот во вредност од 1,2 милијарди евра се однесува на ставање под концесија на 40 години на 14 грчки аеродроми, меѓу кои солунскиот и оние на популарните туристички дестинации Крф, Родос, Миконос и Санторини.

Новата грчка влада претходно го запре процесот на приватизација на пристаништата во Пиреа и Солун.