Грција ја зголемува минималната плата

133

Од 1 април, минималната плата во Грција ќе се зголеми за 9,4 отсто и ќе изнесува 780 евра, соопшти грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, објаснувајќи дека ова е трето зголемување.

Мицотакис, за време на состанокот со надлежните министри истакна дека од 2019 година, кога изнесуваше 650 евра, минималната плата од следниот месец ќе се зголеми на 780 евра, а зголемувања ќе има и на надоместоците за невработените и на останатите бенефиции за вработените.

Министерот за труд и социјални прашање на Грција Костис Хаѕидакис детално и практично ги објасни владините одлуки и потенцираше дека минималната плата се зголемува од 713 на 780 евра, надоместокот за невработените ќе биде 479 евра, додека пак паралелно се зголемуваат и 19 додатоци.

Фото: Pixabay