Грција: Мерките за економска помош годинава ќе надминат 14 милијарди евра

15

Мерките за економска поддршка на Грција оваа година ќе надминат 14 милијарди евра, што е двојно повеќе од средствата предвидени во буџетот, рекол министерот за финансии, Кристос Стаикурас за грчки Катимерини.

“Апсолутно сме подготвени да одговориме на сите сценарија за април, па дури и оние најлошите“, вели тој.

Според него, Грција има 30 милијарди евра готовински резерви, што “безбедносно доволно ниво“. Напоменува дека земјата во последните две години се задолжи со 22 милијарди евра.

Иако има голема неизвесност во поглед на тоа како ќе се развива пандемијата, тој ја оставил отворена можноста и понатаму да се намалува данокот во 2022-ра година.

Фото: Pexels