Грција на 14 мај ги отвора границите и за македонските граѓани

180

Грција ги отвора границите на 14 мај и за македонските граѓани, изјави денес Министерот за здравство Венко Филипче.

Притоа, ќе биде задолжително да се покаже потврда за вакинација или негативенн ПЦР тест.

Меѓутоа за сите кои ќе сакаат да одат кај нашиот јужен сосед, ќе биде задолжително покажување на потврда за вакцинација или негативен ПЦР тест.

“Имаме честа комуникација со грчкиот министер со здравство, а разговаравме и со грчкиот министер за туризам Теохарис. Во врска со мерките, ме извести дека двете граници да ги отворат на 14 мај за граѓаните од Македонија во Дојран и Евзони. Но ќе биде задолжително потврда за вакцинација или негативен ПЦР тест. Тоа земав обврска да видиме какви ќе бидат нашите потврди за вакцинација и листата на овластени лаборатории кои може да даваат ПЦР тест“, рече Филипче.

Фото: Pixabay