Грција најверојатно ќе укине дел од рестриктивните мерки

49

Властите во Грција размислуваат да укинат дел од рестриктивните мерки воведени поради пандемијата, како дел од планот за постепено отворање на економијата, изјави заменик грчкиот министер за внатрешни работи, Стелиос Пецас.

“Повисоките температури што поттикнуваат активност на отворено и оптимизмот поради забрзаната вакцинација им дава на епидемиолозите право да препорачаат постепено укинување на мерките“, рекол Пецас.

Грчката влада дополнително ќе одлучи за времето кога ќе бидат укинати дел од рестриктивните мерки, по предлог на епидемиолозите.

Грција помина подобро од многу европски земји, но се соочи со повеќе од 7.000 смртни случаи и нов пораст на бројот на заразени, што ја принуди владата повторно да наметне одредени ограничувања што претходно беа укинати.

Грција вчера пријавила 3.073 нови случаи на заразени со коронавирусот.

Фото: Pexels