Грција нема пари за уште една изолација – во иднина сите мерки за забрана ќе важат за невакцинираните

147

Грција нема пари за уште една изолација и затоа во иднина сите мерки за забрана што ќе бидат донесени ќе важат за невакцинираните.

“Немаме пари за уште една изолација и повеќе не можеме да ѝ помогнеме на економијата со економски пакети“, вели министерот за развој Адонис Георгијајадис.

“Ако наесен пристигне нов бран на пандемија, крај е со нашите финансии“, драматично рече Георгијадис, поради сериозната загриженост на владата за можен нов бран на коронавирусот во септември.

Повеќе нема да има таканаречена хоризонтална изолација, туку сите мерки кои ќе се носат ќе се однесуваат на невакцинираните, кои повеќе нема да добиваат ниту финансиска помош. Економијата и целото општество повеќе нема да оди во карантин поради оние кои одбиваат да примат вакцина која им е достапна на сите, предупреди заменик премиерот Акис Скерцос.

Така од понеделникот, петти јули, вакцинираните со потврда продолжуваат слободно да патуваат на островите, додека за останатите повторно ќе се воведува задолжителен ПЦР тест не постар од 72 часа, брз тест не постар од два дена или потврда за прележан Ковид-19. Децата до 12 години ќе патуваат слободно, со тоа што по враќањето од островите им се препорачува да направат таканаречен селф тест.

Фото: Pixabay