Грција со европски пари ќе го обновува запуштениот олимписки комплекс

68

Грција објави план за обнова на запуштените спортски објекти во коишто во 2004-та година беа одржани Олимписките игри, барајќи финансиска помош од европските институции.

Олимпискиот спортски центар во Атина, којшто опфаќа голем фудбалски стадион и други спортски објекти, веќе 16 години натрупува загуби и државата досега ја чини 200 милиони евра.

Владата најави поддршка за повеќе проекти со коишто се прави пренамена на објекти во Атина со цел да се поттикнат инвестиции и да се отворат работни места, пренесува Ројтерс.

Грција се надева дека ќе успее да ја извлече економијата од криза што ја предизвика пандемијата со финансиска поддршка од европскиот фонд за закрепнување од последиците од пандемија, а листата на предложени проекти вклучува и обнова на стадиони, што би требало да чини 40 милиони евра. Дополнителни 100 милиони евра Атина планира да привлече од приватни инвеститори, а обновата треба да биде завршена до 2023-та година.

Фото: Pexels