Грција со највисока стапка на невработеност во ЕУ

19

pexels-photo-711009Фото: Pexels

Грција и понатаму останува земја членка на ЕУ со најголема невработеност, пренесува Greek reporter.

Иако во октомври лани, стапката на невработеност паднала на 20,7% во споредба со октомври 2016 година кога таа изнесувала 23,3%, сепак според извештајот од Брисел, тоа не ја помести оваа држава од врвот на земји членки кои се соочуваат со висок процент на невработеност. Статистиката покажува дека во Грција, дури 900.000 граѓани се без работа. Најзастапена е невработеноста кај младите. Дури 40,8% од нив немаат работа.

Во декември лани Европската Унија забележала најниска стапка на невработеност досега од 7,3%. Во споредба со 2016 година, невработеноста во државите од ЕУ била 8,2%. Анализите на пазарот на труд покажуваат дека во моментов во ЕУ има 17,961 милиони луѓе кои се невработени . Меѓутоа, за разлика од Грција, во другите земји членки на унијата, невработеноста кај младите изнесува само 16,1 %.