Грција со нови 2,5 милијарди евра ќе ја поддржува економијата

32

Грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис претстави пакет мерки за поддршка на компаниите и работниците во услови на пандемија во вредност од 2,5 милијарди евра.

Со овие финансиски средства ќе бидат опфатени повеќе од пола милион компании и хонорарци, како и неколку милиони работници.

Во Грција од почетокот на ноември се воведени строги рестриктивни мерки, во рамки на кои бројни трговски и угостителски објекти се затворени, а се воведени строги ограничувања за движење.

Мицотакис напомена дека за економска поддршка се одвоени вкупно 11,6 милијарди евра, а минатата година достигна ниво од 24 милијарди евра.

Грчката економија лани забележа пад од 8,2%, што е помалку од претходно предвиденото ниво од 10,5%.

Новиот пакет мерки вклучува и нови заеми без камати за компании со најмал промет во првото тримесечје од оваа година, а во одредени случаи можно е и отпишување на половина од долгот којшто ќе биде преформулиран како поддршка.

Фото: Pexels