Грција суспендира 6.000 здравствени работници кои не се вакцинирани

32

Во Грција беа предадени 5.895 суспензии на здравствени работници кои не се вакцинирани и работат во болници, во согласност со законот што стапи на сила на 1 септември, пишува Катимерини. Претходно, Комисијата за суспензија на Врховниот управен суд во земјата ги отфрли жалбите на лекарите, медицинските сестри и другиот персонал во болницата, кои бараа суспензија на владината одлука.

Федерацијата на вработени во државните болници, денеска ќе одржи нов петчасовен прекин со работата и протест против задолжителната вакцинација, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Федерација уште еднаш потенцираат дека не се против вакцината и повторно упатуваат повик сите здравствени работници да се имунизираат, но паралелно додаваат дека “нема да дозволат нивните колеги да ги загубат работните места“ и нема да дозволат целосна неорганизираност на здравствениот систем,“ поради мерката наметната без причина“.

Фото: Pixabay