Фото: Pixabay
Претприемач од Грција создаде апликација што на посетителите им дава можност да прават 3D виртуелни прошетки на археолошки локалитети и да го доживеат античкото време, пишува Greek Reporter.
Михалис Кокинос е претприемачот кој ја основаше компанијата Motpil во 2015 година, а се занимава со правење анимирани археолошки локалитети. Посетителите користат слушалки за да направат виртуелна турнеја низ археолошкиот локалитет, за да ја почувствуваат атмосферата од пред неколку векови.
Досега околу 60.000 луѓе уживале низ прошетката на Партненон, а првата 3D апликација Кокинос ја разви за препознатливиот грчки Акрополис. Главна цел е туристите пред себе да постават таблет и да видат каков бил локалитетот во античко време, со сите бои и детали. При реализација на овој проект, Кокинос се соочи со голем број проблеми, но благодарение на вештачката интелигенција тие биле решени.