Грција воведува данок на луксуз

22

grcija prase kasicka

Новите грчки власти, како дел од даночните реформи, ќе воведат и данок на луксуз што ќе се пресметува на вкупен имот што надминува 300.000 евра, пишува Политика.

“Ова е начин да се замолчат европските доверители на кои им пречи што оние кои имаат најмногу, избегнуваат да плаќаат данок. Овој нов данок би го заменил единствениот данок на недвижен имот што го воведе претходната влада. Ќе се воведе потрошувачки данок на луксузни автомобили, јахти, авиони и други луксузни добра, но се предвидуваат и олеснувања за сиромашните“, пишува Политика.

Оние кои имаат приходи пониски од 15.000 евра годишно, ќе имаат помали сметки за комунални услуги и за недвижен имот. Предвидени се и олеснувања за семејствата со повеќе деца, ќе се зголеми минималната пензија и личниот доход до 751 евро.

Новите грчки власти пред парламентот го презентираа планот на владата за спречување на хуманитарна катастрофа во земјата, обнова на економијата и национален план за реформи.