Грците купуваат најскап бензин во Европската унија

76

Просечната цена на безоловниот бензин во Грција е повисока од 2,05 евра за литар, додека просечната во Европската унија е речиси 1,73 евра, пишува Авги, повикувајќи се на неделниот билтен на енергетската политика на Европската комисија.

Тоа значи дека во пракса Грците го купуваат најскапото безоловено гориво во ЕУ, јавува Anadolu Agency.

По Грција следат Финска и Данска, кои се меѓу најскапите и најбогатите земји во евро блокот, се вели во соопштението.

Грција има четврта највисока цена на дизелот со просек од 1,99 евра, по Шведска, Финска и Ирска. Споредено со лани, Грција годинава користи многу поскапи бензини и дизел.

Грција е меѓу многуте европски земји кои доживеаја пораст на трошоците за живот, делумно поради војната на Русија против Украина.