Грците не сакаат да ризикуваат – на 2.500 лица не им било дозволено да се качат на брод

137

За време на контролите на грчката крајбрежна служба во петокот и за време на викендот, поради недостиг на неопходните документи на околу 2.500 лица не им било дозволено, од атинското пристаниште да се качат на брод и да стигнат на нивната дестинација, на некој од островите.

Информацијата, говорејќи за грчките медиуми ја соопштија и министерот за поморство на Грција Јанис Плакиотакис и портпаролот на крајбрежната служба Николаос Кокалас. За контролите и проверката на документите, надлежна е крајбрежната служба, а за патување со траект на островите, задолжителен е документ поврзан со Ковид-19, односно сертификат за вакцинација, потврда за прележана болест или негативен ПЦР или рапид тест. Заменик-министерот за поморство на Грција, Константинос Кацафадос, за првата програма на грчкото државно радио рече дека половина од патниците се вакцинирани.

“Од оние кои патуваат со брод, 50%, Грци и странци, се вакцинирани. За останатите се вршат проверки од крајбрежната служба за тоа дали ги имаат неопходните здравствени документи со кои можат да патуваат и да нема проблем со ширењето на вирусот на нивната дестинација“, објасни Кацафадос.
Фото: Pixabay