GreenCake – еколошки блокови за ѕидање од пепел и урнатини

66

green-cake

GreenCake се еколошки блокови за ѕидање направени од пепел и остатоци од уништени домови во Газа.

Станува збор за старт – ап на две млади девојки, дипломирани инженери, Мајд Машарави и Раван Абдлах од Палестина. Овие градежни блокови имаат висок квалитет, а ниска цена поради материјалите што ги користат. За нивно производство користат пепел и остатоци од куќите во појасот Газа.

green-cake-1

За овие блокови тие користат пепел, нус производ што се добива од согорување на јаглен потребен за производство на електрична енергија. Големи количини пепел се задржуваат неискористени во почвата, загадувајќи ги подземните води. Тоа претставува сериозен еколошки проблем што Машарави и Абдлах во претворија во старт – ап.

green-cake-3

Во текот на војната во овој регион се уништени илјадници домови, со што дневните потреби на населението се околу 40.000 блокови за ѕидање. Остатоците од рушевините, заедно со пепелта, се комбинираат и се добиваат овие градежни блокови коишто имаат врвен квалитет.

green-cake-4

GreenCake бара поддршка од 55.000 долари на глобалната платформа за групно финансирање, Indiegogo.

green-cake-2