Почетна Бизнис едукација Како да... Грешки што добриот лидер не ги прави двапати

Грешки што добриот лидер не ги прави двапати

187

Пред да одлучите да ја прифатите улогата на лидер, двапати размислете дали го сакате тоа. Имате ли став и емоционална интелигенција да ги водите луѓето и заедно со нив да остварите успех. На компанијата сигурно не ѝ треба лош лидер кој негативно влијае на вработените, нивното здравје и клиенти. За да добиете јасна слика дали сте успешен лидер, во продолжение прчитајте кои грешки одличниот лидер нема никогаш да ги повтори.

Дистанцирање од членови во тимот

Дистанцирање од колегите во тимот, штом стекне одредени привилегии, е голема грешка. Овој вид “отсутно лидерство“ е класична појава кај новопечените лидери што не се забележува кај искусните.

Прекумерна контрола

Добар лидер ќе стане одличен само кога тој или таа ќе ја намали контролата. Тој е доверлив водач, склон кон преземање ризик и многу креативен. Способен е да ја дели својата моќ и да ја намали контролата врз луѓето.

Не ги слуша другите

Вистински лидер не смета дека е секогаш во право. Тој е присутен кога има потреба и без осуда ги слуша мислењата на луѓето и нивните стравови, како и одличните идеи и решенија што ги предлагаат.

Не решaва конфликти

Според античката духовна мисла, дебатата што брзо ескалира е како пукнатина во брана – треба да престане да се шири пред пукнатината да направи поголем проблем. Добриот лидер ги перципира дискусиите што можат да станат токсични и ги прекинува навреме.

Нема доверба во другите

Лидерите кои ги перципираат луѓето како паметни и креативни суштества, секогаш ќе веруваат во нивните способности и сила. Таквите лидери имаат високо мислење за другите и им покажуваат почит уште од самиот почеток. Кога тоа се случи, се гарантира взаемна доверба, а вработените се лојални и посветени на својата работа, но и на нивниот шеф.

Фото: Pexels