Грешки што ги правите со вашиот личен бренд при онлајн презентација

29

prezentacija

Фото: Pexels

При презентирање на личниот бренд, грешките не се ретка појава. Она што треба прво да го направите е да ги идентификувате, а потоа да преминете на нивно елиминирање.

Нејасност

За да можете успешно да се презентирате на интернет, најпрво треба да го разберете вашиот личен бренд, односно што преставува вашата личност. Ако не знаете што треба да споделите на социјалните мрежи, тогаш очигледно е дека таа несигурност доаѓа од недоволната спознаеност на сопственото јас и начинот на којшто сакате другите да ве запознаат. За да ги разјасните работите, направете една шема во умот на теми за коишто ги знаете и на презентацијата што сакате да го дефинира вашиот бренд. Откако ќе знаете кои сте и што сакате, појаснете го тоа и на останатите.

Некомплетиран профил

Кога некој ќе го посети вашиот профил, таа личност треба да добие целосен увид, односно да се информира кои сте вие и што е вашата експертиза. Ако она за што ве бидува не е наведено, ако корисните информации не се едитирани и апдејтирани, вашиот профил нема да ве покаже во вистинското светло. Најдете време да го комплетирате профилот со биографија, професионална фотографија и сè што е потребно за да ја даде вистинската слика за вас. Не ги заборавајте линковите од вашата веб страна/и и деталите од вашата кариера, награди и признанија.

Недостаток од конверзација

Поврзувањето со луѓе е дел од градењето на вашиот личен бренд. Несомнено е дека сакате вашиот профил/и и веб страни да бидат во најдобро издание, со најнови информации и јасна покана за интеракција, а не само празна дестинација или листа на минати достигнувања. Споменете и означете и други корисници, одговорете на некоја нивна содржина и поканете ги вашите пријатели да се вклучат со прашања, коментари и слично. Искористете го секој слободен момент за да се инволвирате во конверзација и комуникација со луѓето што сакате да бидат ваша публика.

Недоследност

Постојаноста е од клучно значење. Не мора да бидете насекаде, во секој час од денот, но треба внимателно да одберете каде, кога и колку ќе бидете активни за луѓето да знаат што да очекуваат кога ќе се поврзат со вас. За да си го олесните тоа одберете ги клучните мрежи каде ќе се фокусирате, поставете потсетници или означете состаноци на календар. Можете да користите и алатка за закажување на одредени објави со цел да бидете доследни на тоа што го претставувате.