Грешки што ги уништуваат малите бизниси

43

katanec

Фото: Pixabay

Зошто некои бизниси успеваат, а некои не? Иако изгледа дека е прашање на среќа, во реалноста има вообичаени грешки што уништуваат многу мали бизниси.

Пребрзо растење

Додека растот е пожелен, преголемиот раст може да биде сериозна грешка. Сакајќи да бидете први на пазарот со нов производ, дополнителни трошоци или обидот да им докажете на инвеститорите дека растете, може да ве поттикнат да претерате. Поставете реални цели и проширете се колку што диктираат потребите.

Неуспешно следење на финансиите

Многу бизниси пропаѓаат поради преголем долг и правење големи трошоци. Посветете големо внимание на вашите финансии и водете внимателна евиденција за сите пари што доаѓаат и излегуваат.

Недостаток на резервен капитал

Бидете подготвени за неочекувани зголемувања на трошоците за работи како што се комуналии, материјали и друго. Бидете сигурни дека ќе имате резерва пари за тешки времиња и сезонски застој.

Лош избор на локација

Не дозволувајте евтиниот закуп да ве стави во искушение во изборот на погрешна локација. Размислете за конкуренцијата и тоа колку слични бизниси се наоѓаат во близина?

Лоша услуга

Неквалитетната услуга и лоши вработени брзо ќе го потонат вашиот бизнис. Бидете сигурни дека вработените се посветени и даваат целосна услуга на клиентите. Развијте системи и процеси за тоа како треба да се завршат задачите и создадете внатрешна контрола за следење на работата.

Несоодветен бизнис план

Добро разработен бизнис план ве води да размислите за иднината и предизвиците со коишто ќе се соочите. Исто така, разгледајте ги вашите финансиски потреби, планови за маркетинг и менаџмент, конкуренцијата и целата стратегија.

Потценување на конкуренцијата

Лојалноста на купувачите мора да ја заработите. Следете ја конкуренцијата и останете еден чекор понапред од нив. Ако не се грижите за клиенти, тогаш тоа ќе го стори конкуренцијата.