Грешки што можат да ви ја уништат репутацијата

22

biznis

Фото: Pexels

Секој од нас има изградено репутација што го следи насекаде. Репутацијата може да биде добра или лоша. Потребно е многу време за да изградите репутација на доверлив и посветен работник, а само неколку минути да ја уништите. Грешки може да се случат на секого. Но, постојат минорни грешки и такви кои може да ви ја уништат кариерата и професионалната репутација. Наоѓање деловни партнери, соработници, склучување на договори, наоѓање на нова работа ќе се одвиваат потешко ако имате изградено лоша репутација. Ако сакате да ја задржите позитивната слика за вас на работното место, внимавајте да не ги правите овие неколку “лоши“ грешки.

Лажење

Крупните лаги не се единствените коишто може да ви ја уништат кариерата. Кажувајќи ситни “бели“ лаги на колегите и соработниците може да создадат лоша слика за вас. Ако менаџерот и колегите не ви веруваат во тоа што го говорите, многу брзо ќе ве исклучат од конверзација и важни состаноци.

Преземање на заслугите на другите

Пред да си ги препишете заслугите за некој успех, прашајте се која улога ја имате одиграно во проектот и дали треба да се истакнете во прв план. Најдобро е да не се оптоварувате со преземање на признанија. Фокусирајте се на извршување на задачите и остварување на резултати.

Прикривање на грешки

Порано или подоцна сè се дознава, затоа не се обидувајте да ги прикриете грешките што сте ги направиле. Со ставањето на грешките “под тепих“ само создавате темпирана бомба која еден ден ќе експлодира и ќе ја загрози вашата репутација.

Заостанувате со обврските и задачите

Може да имате лош ден, но постојаното доцнење со роковите и неизвршување на работните задачи создава негативна слика за вас. Ако лошо сте завршиле неколку задачи, обидете се да компензирате вложувајќи поголем труд на следните проекти.