Грешките во превод ги плаќате поскапо од преведувач

184

Дали работите или планирате да соработувате со странска компанија? Во овој случај, многу е веројатно дека вашиот разговор ќе се одвива на англиски јазик. Што е поважно за вас: да изгубите пари или да признаете дека вашиот англиски не е доволно добар? Иако звучи како глупаво прашање, воопшто не е. Не е срамно да не знаете ни збор на англиски. Вие припаѓате на групата од околу шест милијарди луѓе. Не е срамота ако вашиот англиски или кој било друг странски јазик не е совршен.

Срамота е да им исплатите на клиентите поголема сума на пари на име пенали бидејќи не сте ги разбрале најдобро условите за испорака.

Јасно е дека во почетните фази на деловниот разговор какво било недоразбирање во комуникацијата нема да предизвика непоправлива штета. Меѓутоа, кога станува збор за конкретни количини, проценти, рокови и други детали, немате друг избор. Само треба правилно да слушнете и разберете. Ангажирање преведувач значи дополнителен трошок, но и дополнителни придобивки.

Додека преведувачот ја извршува работата за која е обучен, можете да го “прочитате“ говорот на телото на соговорникот. Додека преведувачот го работи она за што со години се образувал, можете да размислувате за тоа што сакате да кажете следно или за она што не би можеле да го кажете.

Ако сè уште се двоумите и сакате да ангажирате некој свој колега кој работи во сектор маркетинг, на пример, а англискиот го знае подобро од мајчиниот тогаш размислете за можните компликации. Колегата не значи дека е добар преведувач. Преведувањето, посебно во деловни цели е повеќе од успешно спарување на зборови со исто значење на два јазика.

Освен тоа, вие и колегата сте на иста страна. На колегата му се важни резултатите од деловната комуникација, но не е неутрален и тоа може да доведе тој да го слушне она што сака да го чуе, а не тоа што е изговорено.

Затоа, изберете доба преведувач, можеби нивната саатница е скапа, но сериозните деловни разговори не се прилика за штедење на ставка превод.

Фото: Pexels