„Во соработка со експертите од Естонија со која што Владата на Северна Македонија потпиша договор за подготовка на стратегијата, и со поддршка на американската влада во наредниот период ќе се подготви еден патоказ, роуд-мап, кој на краток, на среден и на долг рок ќе ги утврди кои се таргетите во држава што треба да ги постигнеме и на каков начин”, нагласи заменик-претседателката на Владата задолжена за политики за добро владеење Грковска.
Грковска дополни дека улогата на нејзиниот кабинет е во соработка со сите институции да ги координира активностите и да се најдат најдобрите решенија за процесот на дигитализација и за другите области кои го гарантираат доброто владеење низ институционален систем што ќе функционира ефикасно и транспарентно.
„Да го поставиме системот во една стабилна форма, која за мене како граѓанин ќе гарантира долгорочна платформа поддржана од сите институции која што понатаму било која влада и да дојде, ќе продолжи да ја надградува и усовршува”, потенцираше заменик-претседателката на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска.














