ГРП: Македонија со најниско ниво на корупција меѓу земјите од Западен Балкан

123

Македонија е најмалку корумпирана меѓу земјите од Западен Балкан, покажува студијата за степенот на корупција за 2021 година на швајцарската компанија за управување со ризици Глобал Риск Профајл (ГРП).

На листата за 2021 година Македонија се наоѓа на 85-то место со индекс на корупција од 43,56 поени, и е пред Црна Гора која е на 89-то и Србија на 92-то место. Косово е на 122-та позиција, Албанија на 125-та, а Босна и Херцеговина на 131-та.

Според листата на ГРП, најмалку случаи на поткуп и корупција се откриени во Финска, на второ место е Норвешка, а потоа следуваат Нов Зеланд, Данска и Шведска.

Во истражувањето се опфатени вкупно 196 земји, а на дното на листата, како земји со високо ниво на корупција се Северна Кореја, Сирија и Либија.

Глобалниот индекс ја рангира корупцијата според одредени критериуми, вклучително и перењето пари и финансирањето тероризам.