Грција формира државен фонд за стабилизација

16

Грција планира да формира државен фонд за стабилизација кој ќе ги инвестира средствата од продажбата на државните средства во инфраструктурни и зелени проекти, изјави министерот за финансии Костис Хацидакис.

Фондот ќе ги инвестира средствата од продажбата на имотот оставен во државна сопственост по грчката должничка криза, вклучувајќи недвижен имот, пристаништа и комунални услуги, објасни министерот на прес-конференција, презентирајќи го планот на Владата.

300 милиони евра почетен капитал
Според него, почетниот капитал на фондот ќе изнесува 300 милиони евра, а приходите од продажбата на имотот ќе се инвестираат во финансирање зелени проекти, инфраструктура и нова технологија.

„Го ангажиравме BlackRock да ја предложи најдобрата корпоративна структура за фондот“, рече Хацидакис. Блекрок е американски фонд, најголем во светот во сегментот на управување со средства.

Грчката агенција за приватизација HRADF и фондот за спас на банките HFSF ќе се спојат во државниот холдинг Hellenic Corporation Assets and Participations (HCAP), кој е основан во 2016 година и управува со подружниците на државните комунални претпријатија и акционерските акции во компаниите.