Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис најави нова програма за „златна виза“ која овозможува долгорочен престој на претприемачите кои инвестираат минимум 250.000 евра во стартапи во Грција.
Ова беше објавено за време на отворањето на 88. Меѓународен саем во Солун каде Мицотакис истакна неколку иницијативи за зајакнување на економијата и поддршка на Грците со ниски приходи, вклучително и зголемување на пензиите и платите на државните службеници, како и намалување на придонесите за социјално осигурување.
Справувајќи се со намалената стапка на наталитет, Мицотакис вети дека ќе ја зголеми финансиската поддршка за родителите.
Во однос на станбеното прашање, особено во туристичките области, премиерот најави даночни олеснувања за сопствениците на станови кои издаваат слободни имоти.
Тој укажа на зголемување на даноците за оние кои се префрлаат од долгорочно на краткорочно изнајмување и воведе ограничувања за нови краткорочни имоти за изнајмување во одредени атински населби.
Мицотакис, исто така, ги објави плановите за зголемување на пристанишните такси за бродовите за крстарење во текот на летото, со уште повисоки такси за популарните дестинации како Санторини и Миконос. Приходите ќе бидат искористени за подобрување на инфраструктурата во туристичките области.
Во меѓувреме, синдикатите повикаа на протести во Солун, критикувајќи го начинот на кој владата се справува со зголемените животни трошоци и несоодветните плати, пишува Бизнис.ба.