Sava Group го претстави својот годишен план за 2020 година во којшто се предвидува оперативните приходи да надминат 4%, а нето добивка е проектирана на сума од 45 милиони евра.
За 2020 година во Словенија брутополисираната премија за неживотно осигурување да има скок од 3%, а сериозен удар се очекува да претрпи животното осигурување, односно брутополисираната премија да се намали за 9%.
Надвор од Словенија, Sava Re Group очекува вкупната брутополисирана премија да има скок од 6% кај неживотното, додека се очекува 15% кај животното осигурување.
Во делот на категоријата реосигурување се очекува скок од 8% поголема бруто полисирана премија во 2020 година.
Кај управувањето со инвестиции во 2020 година се очекува повратот да биде 1,3%. Sava Re Group очекува да направи револуционерни промени во присутноста на дигиталниот пазар, односно полесен пристап на интернет за корисниците и користење на услугите на осигурителното друштво.
Во делот на аквизициите, Sava Re ќе работи на активности за аквизиција на осигурителните пазари, но ќе работи и на секоја потенцијална можност за влез на друг пазар на осигурителната индустрија во Европската унија.