Групацијата Триглав го одржува високиот кредитен рејтинг

22

triglav

Агенцијата Standard and Poor’s го потврди постоечкиот долгорочен кредитен рејтинг А- (одличен) и рејтингот за финансиска моќ А- (одличен) на Заваровалница Триглав и на нејзиното зависно друштво Позаваровалница Триглав РЕ, а со тоа и на Групацијата Триглав.  Перспективата за двата рејтинзи е стабилна на среден рок, пренесува Миа.

“Повторната потврда на високиот кредитен рејтинг е одраз на водечката позиција на Групацијата Триглав во Словенија и во регионот Адриа, високата адекватност на капиталот и профитабилноста. Дополнително, во својот извештај агенцијата утврдува дека Заваровалница Триглав и Позаваровалница Триглав РЕ се  независно управувани и ги води раководство со искуство, способно за ефикасно спроведување на зацртаната стратегија на Групацијата Триглав“, наведуваат од Групацијата.

Рејтинг агенцијата во својот извештај за среднорочна стабилна перспектива, оценува дека Групацијата Триглав и во иднина ќе ја сочува силната конкурентна позиција на пазарот, солидната адекватност на капиталот, урамнотежената структура на инвестицискиот портфолио и степенот на профитабилност. Од друга страна, евентуалното нарушување на макроекономската ситуација во Словенија во иднина би можело негативно да влијае на кредитниот рејтинг на Групацијата Триглав.