Групацијата Триглав работеше добро и ја задржа финансиската стабилност

8

triglav

Групацијата Триглав, водечка осигурително – финансиска групација во Словенија и една од најголемите во југоисточна Европа и во првите девет месеци од 2014 година работеше добро. Групацијата и натаму го задржува високото ниво на финансиска стабилност и ја зајканува водечката позиција на словенечкиот пазар на осигурување, каде го зголеми својот пазарен удел за 0,4 процентни поени, на солидни 36%.

Нето добивката на Групацијата, споредено со првите девет месеци од 2013 година, се зголеми за 36%, на 77 милиони евра, а притоа, групацијата во тешки економски услови обезбеди премија од 688,6 милиони евра. Триглав Осигурување АД, Скопје, дел од Групацијата Триглав, во првите три квартали од оваа година работеше успешно и обезбеди бруто полисирана премија поголема за 9%, споредено со истиот период минатата година и оствари добивка, повисока од планираната.

Групацијата Триглав и матичното друштво во првите девет месеци од 2014 година работеа добро и во согласност со стратешките насоки, а тоа го потврдуваат постигнатите резултати. Во првите три квартали од 2014 година нето добивката на Групацијата Триглав изнесуваше 77 милиони евра (36% повисока споредено со истиот период минатата година), а на матичното друштво 56,1 милиони евра (11% повисока во споредба со истиот период минатата година).

Триглав Осигурување Скопје во првите девет месеци од 2014 година работеше добро и оствари 29% поголема добивка од планираната. Компанијата го зголеми својот пазарен удел за околу 0,5 процентни поени, споредено со истиот период минатата година. Во дадениот период компанијата успешно заврши некои од стратешките проекти, како што е на пример мобилната теренска продажба, а истовремено ги спроведува потребните активности за понатамошен развој на сопствената продажна мрежа.

“Прецизно дефинираната стратегија и доследното спроведување на нејзините насоки континуирано придонесуваат Триглав Осигурување да ја зацврсти лидерската позиција на пазарот на неживотно осигурување во Македонија. Во првите три квартали од 2014-та година повторно постигнавме одлични резултати, поточно обезбедивме бруто полисирана премија во доменот на неживотно осигурување поголема за околу 8%, во услови кога пазарот порасна за помалку од 5%. Овие резултати се во согласност со зацртаната мисија Триглав да биде креатор на развојот на пазарот на неживотно осигурување во Македонија. Дополнително, Триглав Осигурување оствари најдобар резултат на пазарот и во доменот на исплата на штети, со удел поголем од 18%, што е уште еден показател за ефикасноста на процесите во компанијата, како и за финансиската стабилност и доверливост на компанијата“, изјави извршната директорка на Триглав Осигурување Скопје, Сања Танчевска.