Gs3 – систем што им помага на луѓето со проблеми во ‘рбетниот столб

28

22221524_1640086112730502_7679703682538544477_nФото: Facebook

Gs3 е специјално дизајниран систем што им помага на пациенти кои имаат проблеми со ‘рбетниот столб, обезбедувајќи им ја потребната поддршка, пишува Designboom.

Флексибилната поддршка и прилагодувањето, според ергономскиот облик на телото кај пациентите, е постигнато благодарение на интегрираната нервна мрежа со компоненти испечатени во 3D техника.

Gs3, создаден од дизајнерското студио Noumena во соработка со In(3D)ustry, има за цел да даде нов изглед и функција на ортопедските помагала, така што освен добивање на потребната поддршка за грбот, пациентите би изгледале модерно додека го носат.

Уредот, исто така, овозможува и зајакнување на мускулатурата со цел луѓето кои извршуваат тешки задачи, како кревање на мебел, товар и слично да можат без проблем тоа да го прават.