Фото: Pixabay
Фармацевтската компанија GlaxoSmithKline (GSK) планира да ја подели работата на две области – една за лекови и вакцини на рецепт, а другата за лекови без лекарски рецепт. Оваа одлука следи по заедничката инвестиција со Pfizer, пишува Reuters.
Заедничката компанија GSK Consumer Healthcare ќе биде во мнозинска сопственост на GlaxoSmithKline и се очекува да остварува годишни приходи од 9,8 милијарди фунти. Меѓу производите што ќе се произведуваат од оваа компанија се: Voltaren, Panadol, пастите за заби Paradontax и Sensodyne, како и витамините Centrum и аналгетиците Advil на Pfizer.
Овие две компании пред неколку години формираа заедничка компанија што произведува лекови за ХИВ.