GSK купува дел од Novartis за 13 милиони долари 

179

598927_541420932593531_1192935286_n

Фото: GlaxoSmithKline

GlaxoSmithKline минатата недела се откажа од трката за купување на здравствената компанија Pfizer, па така автоматски американскиот производител на лекови остана без очекуваните 20 милијарди долари, на колку беше проценета продажбата, објави Reuters.

Наместо овој план, GSK одлучи да го купи делот на Novartis којшто ги произведува пастите за заби Sensodyne, апчињата за главоболка Panadol, маста против болки во мускулите Voltaren и фластерите Nicotinell коишто служат за одвикнување од цигари.

Со ова GSK ќе преземе дел од една од најмоќните компании за здравствена заштита. Истовремено се разгледува можноста за влез во Horlicks, којшто генерално произведува прехранбени производи.

Инаку, по објавата на можниот влез на GSK во Novartis, акциите на Novartis рипнале за 2,2% на берзата во Цирих. Од базелската компанија најавиле дека парите од продажбата на дел од компанијата, би ги инвестирале за проширување на бизнисот на органски производи.