Фото: Guardbot
Guardbot е робот што испитува секаков вид на терен, а може да се движи и по вода. Со помош на патентиран механизам – моторизирано нишало, роботот се движи каде што е потребно помогнат од центарот на гравитација.
Специјалниот дизајн овозможува лесно движење напред-назад, како и вртење за 360 степени, пишува Designboom
Роботот има две камери, микрофони и GPS и се контролира од далечина со сателити. Доаѓа во различни големини, од најмала 12,7 сантиметри, до голема со дијаметар од 213 сантиметри.
Напредниот систем на батерии, што го овозможува движењето, може без престан да работи до 25 часа. Guardbot достигнува брзина од 14,4 километри на час на копно и 4,8 на вода. Батеријата, доколку не се движи роботот, може да трае до 45 часа.
Уредот се уште е во развојна фаза, а неговата цена би можела да достигне 100.000 долари.