Gucci претстави очила  кои “намерно“ стојат наопаку

67

Луксузниот бренд Gucci претстави очила кои “намерно“ стојат наопаку. Идејата на дизајнерот на брендот била на шеговит начин да се оддаде почит на трендовите од педесеттите и шеесеттите години на минатиот век. Очилата се продаваат по цена од 520 евра.

Некои корисници на интернет веќе многу се забавуваат со овие очила, обидувајќи се да ги “исправат“ во програмите за обработка на фотографии, а потоа уредените очила да ги испраќаат на профилите на социјалните мрежи на брендот Gucci.

Други пак се прашуваат кој би купил.

Фото: Twitter