Гучи добива нов извршен директор

103

Гучи, го назначи Жан Франсоа Палу за нов извршен директор и претседател на италијанскиот бренд.

Тој беше назначен на привремена основа, што е дел од реструктуирањето на раководството во највисоките рангови на француската групација.

Марко Бизари, кој го води Гучи од 2015 година, ќе ја напушти компанијата на 23 септември, објави францускиот сопственик на италијанскиот бренд.

„Жан-Франсоа е мојата десна рака и секојдневен „спаринг партнер“ веќе неколку децении. Тој сега ќе ја насочи својата енергија кон тоа да го добие нашето највредно средство во врвна форма“, рече претседателот и извршен директор на Керинг, Франсоа-Анри Пино, во изјавата во вторникот, според Ројтерс.

Палу се приклучи на групата Pinault  пред повеќе од триесет години. Тој е член на одборот на директори на Керинг од 2009 година, според официјалната биографија.

Ресетирање на брендот
Гучи, чија продажба заостануваше со ривалите како Луј Витон и Хермес во последните квартали, веќе почна да ја менува насоката со овогодинешното назначување на Сабат Де Сарно, релативно непознат дизајнер, за креативен директор.