Гучи и Адидас дизајнираа чизми – чинат 1.600 евра

120

Патики, капи, шорцеви, чанти… ова се само дел од производите во кои се вкрстија дизајните на два големи бренда – Гучи и Адидас.

Иако на почетокот делува како комбинација од неспоивото, високата модна марка Гучи и спортската облека Адидас остварија голем број соработки, а меѓу најновите е онаа на унисекс чизми до глужд чија цена на германскиот пазар изнесува  околу 1.600 евра.

Според официјалната веб-страница на модниот бренд, чизмите се дизајнирани за мажи и жени и се инспирирани од 80-тите и 90-тите години.

„Земајќи инспирација од сеќавањата на креативниот директор од 80-тите и 90-тите, мотивите на Гучи се мешаат со мотивите на Адидас, што резултира со хибриден изглед“, се вели на страницата.