Гучи има нов креативен директор

104

Француската групација Керинг, која е сопственик на италијанската модна куќа Гучи, го назначи Сабато де Сарно за нов креативен директор на овој бренд.

Де Сарно ја започна својата кариера во Прада, а потоа се пресели во ривалот Долче и Габана, пред да се приклучи на Валентино во 2009 година. Таму работел на повеќе различни позиции, пред да биде именуван за моден директор, задолжен за „надгледување“ на машката и женската колекција.

Во Гучи тој ќе има задача да го „оживее“ брендот, чија популарност, по вртоглавиот раст помеѓу 2015 и 2019 година, значително опадна во последните години.
Неговата прва модна ревија ќе биде прикажана во септември за време на модната недела во Милано, соопшти WWD.

На Инстаграм профилот на брендот Гучи, официјално беше претставен Сабато де Сарно:

Претходниот креативен директор, Алесандро Микеле, ненадејно ја напушти функцијата по седум години поради тензиите со највисокото раководство на Керинг, изјавија извори за Ројтерс.

Инаку, популарниот моден бренд во 2021 година прослави дури 100 години постоење. Компанијата е основана во Фиренца, а од 1 јануари 2015 година до денес, извршен директор на Гучи е Марко Бицари.

– Воодушевен сум што Сабато ќе му се придружи на Гучи како нов креативен директор на Куќата, тоа е една од највлијателните улоги во луксузната индустрија – изјави Бицари.