
Модната куќа „Гучи“ почна да продава нови луксузни модели на патики со ознака „Произведено во Кина“, раскинувајќи ја долгогодишната традиција на производство во Италија, обидувајќи се да привлече купувачи кои се свесни за цената и сè уште ги сакаат производите на луксузниот бренд.
Еден од новите модели е во продажба од минатиот месец по цена од околу 800 евра во Европа и 1.000 долари во САД, објави „Ројтерс“.
Моделот без врвки е достапен во најлон, платно и велур.
Друг модел на патики од истата колекција, изработен од кожа, исто така ја носи етикетата „Произведено во Кина“, според веб-страницата на Гучи.
Претставник на компанијата изјави дека двата модели се произведени во Кина поради специфичните технички барања на нивниот дизајн.
Гучи објави дека Италија „секогаш ќе биде во срцето“ на својот производствен модел и идентитет, но дека избрала кинески производител за овие производи поради технолошкото знаење и капацитет потребни за достигнување на потребните стандарди за квалитет и перформанси.
Компанијата изјави дека нема пошироки планови за преместување на производството надвор од Италија.
Сите други модели на обувки на Gucci за кои земјата на потекло е наведена на веб-страницата се произведуваат во Италија.
Кина е еден од најголемите светски центри за производство на патики, а нејзините производители соработуваат со бројни масовно и премиум брендови.
Аналитичарите сè уште проценуваат дека етикетата „произведено во Кина“ кај Gucci би можела да го отвори прашањето за потеклото на производот и неговото луксузно позиционирање, а консултантот за луксузна индустрија, Сајмон Вајтхаус, процени дека брендот испраќа лоша порака.
Продажбата на Gucci се преполови во последните три години, намалувајќи ги маржите на профит и доведувајќи до затворање на десетици продавници.











