Гугл најави бришење неактивни Gmail профили

29

„Гугл“ ќе ја „заостри“ својата политика во врска со неактивните Gmail налози оваа година.

Оние кои сакаат да ја задржат својата адреса на Gmail ќе мора да се логираат барем еднаш на секои 24 месеци бидејќи Google објави нова политика за неактивни сметки. Според „старите правила“ од 2020 година, кога беше укинат неограничениот простор за Google Photos, Google ги бришеше податоците зачувани на сметките доколку корисникот не се најавил две години, но од оваа година таквите сметки ќе бидат целосно избришани.

Новото правило стапува на сила најрано во декември оваа година, па оние кои сакаат да ја задржат својата Gmail сметка треба да се логираат. Google тврди дека отстранетите адреси на Gmail повеќе нема да бидат достапни, како за нивните оригинални корисници, така и за други.

Активноста на сметката на Gmail се однесува на читање или испраќање е-пораки, користење на Google Drive, гледање YouTube, преземање апликации од Google Play Store, користење на Google Search или користење на сметката за најавување на апликации или услуги од трети страни.

Сепак, овие активности не покриваат вообичаени употреби на сметките на Google, како што е создавање псевдоними кои препраќаат е-пошта до примарна адреса, и не е јасно дали таквите сметки ќе бидат отстранети. Google споменува дека одржувањето претплата на нешто како Google One е еден начин на активност, но тоа не е нешто што го правите со алтернативна сметка.

Кога новите правила ќе стапат на сила, компанијата ќе почне да ги брише сметките кои воопшто не се „допрени“ по креирањето, а исто така има намера да испрати повеќе известувања на адресата и алтернативна е-пошта во периодот од неколку месеци пред конечното бришење.