Ѓумбир и црвен пипер од Кина, бибер од Виетнам

68

Земјите членки на Европската унија увезоа 379.000 тони зачини надвор од Унијата во текот на минатата година. Најголем дел од увозот отпаѓа на ѓумбир (111.000 тони), по што следи црвениот мелен пипер со 94.000 тони и бибер со 69.000 тони.

Според податоците на Eurostat, ѓумбирот и црвениот мелен пипер доаѓаат од Кина, додека биберот најмногу од Виетнам.

Меѓу најчесто увезувани зачини се и куркума (15.000 тони), што најчесто се увезува од Индија, анасон и слични зачини (14.000 тони), од кои најголем дел од Египет, а во Унијата лани се увезени 14.000 тони цимет, чиј најголем извозник во ЕУ е Индонезија.

Фото: Freepik