Гумените бонбони на Haribo ќе се произведуваат во САД

29

haribo

Фото: Haribo

Германската компанија Haribo, којашто ги произведува познатите гумени бонбони, соопшти дека во 2020 година ќе отвори фабрика во Висконсин, во САД, пишува CNBC.

Haribo, со седиште во Бон, е основана 1920 година, а во САД е присутна од 1982 година и остварува голема продажба.

Директорот на компанијата, Ханс Гвидо Рајгел, вели дека Haribo Америка е најбрзо растечка кондиторска компанија во САД и затоа започнувањето на производство во оваа земја во 2020 година е многу важно за компанијата. Фабриката што ќе се гради близу градот Кеноша ќе чини 242 милиони долари, а ќе вработи 400 лица.

Haribo вработува 7.000 луѓе ширум светот и произведува 100 милиони гумени бонбони дневно во 16 фабрики во 10 земји.