Густа течност во панцир за поголема безбедност

58

pancir (1)

Група научници од компанија од Полска, што произведува панцир елеци, работи на развој на посебна течност што треба да се вгради во истите, пишува Reuters.

Течноста позната како shear thickening fluid, чиј состав не е познат, има голема густина што го запира куршумот што патува со брзина од 450 метри во секунда. Густата течност во панцирот спречува и одбивање на куршумите.

“Големата вискозност на течноста доаѓа од честичките што формираат бариера против надворешен продорен фактор“, вели Каролина Струшчек од институтот Moratex, каде што се прават испитувањата на оваа течност.