Гувернерката на Народната банка: Инфлацијата почна да се намалува

64

Инфлацијата не доведе до класичен ценовен шок, но таа резултираше со покачување на каматните стапки, рече гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на годишната конференција „Година за нови можности“. Таа посочи дека минатиов период на светско ниво се случил најсинхронизиран циклус на затегнување на монетарните политики.

-Ние одговоривме преку стабилен девизен курс на домашната валута, рече Бежовска. Таа додаде дека клучни аспекти биле курсот, односно девизниот пазар и инфлациските притисоци.

-Уште кон крајот на 2021 година забележавме притисоци и оттогаш реагиравме со монетарната политика одржувајќи ја ликвидноста, истакна гувернерката.

Таа додаде дека како резултат на преземените мерки, особено во сегментот на енергијата и храната, инфлацијата за првпат се намалила во ноември минатата година и очекува овој тренд да продолжи. Бежовска очекува инфлацијата да се симнe на едноцифрен број.