Гувернерката на Централната банка на Русија: Не се соочуваме со банкрот

57

„Русија ги има сите потребни финансиски средства за да овозможи економијата да функционира под притисок на санкциите“, изјави вчера гувернерката на централната банка Елвира Набиулина на седницата на Државната дума.

Таа посочи дека нема опасност за државата од неисполнување на должничките обврски, пренесува Раша тудеј (РТ).

„Русија ги има ресурсите, сите потребни финансиски средства. Не ни се заканува никакво неисполнување на обврските“, изјави Набиулина.