Гувернерот на Бундесбанк против заострување на американските царини

60

Трговските планови презентирани од Доналд Трамп во предизборната кампања можат сериозно да влијаат на германската економија, предупреди шефот на Бундесбанката, Јоаким Нагел.

„Ако тој спроведе царинска политика, тоа може да не чини во Германија еден процентен поен од бруто домашниот производ (БДП)“, изјави Нагел за Die Zeit, пренесе Мина.

Тој наведе дека може да биде особено болно бидејќи домашната економија годинава воопшто нема да расте, а следната година се очекува раст под еден процент.

„Ако влезат нови тарифи, лесно можеме да се лизнеме во црвено“, рече Нагел.

Трамп им вети на американските гласачи нови царини од десет до 20 отсто за увоз од Европа.

Економистите сега се загрижени дека тоа ќе отвори царинска војна меѓу Европската унија и Соединетите Американски Држави (САД).

Минатата недела, Економскиот институт Ифо процени дека евентуалното американско зголемување на царините, 20 отсто на европскиот увоз и 60 отсто на кинескиот увоз, ќе го намали германскиот извоз во САД за 15 отсто.