Гувернерот Славески на заедничката конференција на централните банки на Полска и Унгарија

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, присуствуваше на Седмата заедничка конференција на централните банки на Полска и Унгарија
На покана на гувернерите Адам Глапињски од Централната банка на Полска и Михали Варга од Централната банка на Унгарија, гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, присуствуваше на Седмата заедничка конференција во организација на двете централни банки.
Темата на Конференцијата – „Патувањето на дезинфлацијата во регионот на Централна и Источна Европа: предизвиците што претстојат“ е посветена на искуствата од соборувањето на високата инфлација во земјите од ЦИЕ, како и на предизвиците со кои ќе се соочуваат во иднина, во домашен и во меѓународен контекст.
Во рамките на Конференцијата се разговараше за економските модели на раст и за финансиските системи како најважната поддршка за поттикнување одржлив економски развој, како и за осмислувањето соодветни макроекономски политики во услови на светска неизвесност.