H&M ќе претстави нов моден бренд

65

1

Фото: Facebook

Шведската модна компанија H&M ќе го лансира својот осми моден бренд кон крајот на годинава, а првата продавница ќе ја отворат во Лондон.
Новиот бренд Аrket ќе обезбеди едноставен, безвременски и функционален дизајн, вклучувајќи облека за возрасни, деца и производи за домаќинство, пишува BBC.
Цените ќе бидат повисоки од останатите брендови на H&M. По Лондон, повеќе Arket продавници ќе бидат отворени во Брисел, Копенхаген и Минхен, а новиот бренд ќе биде лансиран и онлајн.

ИнакуH & M објави пад од 3,4% на нето добивката  во првиот квартал.