H&M отвора бутици во Бразил

Шведската модна компанија H&M ќе отвори продавници во Бразил во 2025 година и ќе започне со онлајн трговија во оваа земја, соопштија претставници на шведската компанија.

– Бразил има население од над 210 милиони луѓе кои високо ја ценат модата, така што има значителен потенцијал на овој пазар – се вели во соопштението на H&M, пренесува Reuters.

При влегувањето на бразилскиот пазар, H&M ќе ги здружи силите со Dorben Group, која е присутна во 10 земји во Централна и Јужна Америка, се додава во соопштението.

Во 2012 година шведската компанија ја отвори својата прва продавница во Латинска Америка – во Мексико, а моментално е присутна во Перу, Уругвај, Чиле, Колумбија, Еквадор, Гватемала, Панама и Костарика, потсетува британската агенција.