H&M отворa продавница во Метаверзум

391

Глобалниот бренд за облека H&M (Hennes & Mauritz) во понеделникот објави дека ќе отвори виртуелна продавница во Метаверзум преку која клиентите ќе можат да ја видат понудата за гардероба во 3D и да ја купат без да одат во продавница.

Ова е, во исто време, првата малопродажба на облека што ќе биде лансирана во Метаверзумот.

Коментирајќи ја веста, основачот на Itsblockchain, Хитеш Малвија, рече дека отворањето на првата продавница за облека во Мета просторот е само почеток на големиот бран брендови кои ќе се приклучат во блиска иднина.

„Виртуелните производи доживеаја огромен раст минатата година, а компаниите за облека нема да пропуштат да учествуваат во дополнителни можности за генерирање приходи“, рече тој.

Исто така, аналитичарите проценуваат дека главната предност на оваа продавница ќе биде тоа што е достапна 24 часа, што добро ќе влијае на нејзиниот приход и капитал.