H&M тестира услуга за изнајмување на облека

43

Шведскиот текстилен гигант испробува опција за изнајмување на облека за којашто се надева дека ќе придонесе за намалување на штетното влијание на отпадот врз околината.

Компанијата H&M се одлучи на овој чекор откако беше критикувана за загадување на животната средина, пишува Metro.uk.

Новата услуга ќе им овозможи на клиентите да изнајмат облека на одредено време. На купувачите ќе им биде дозволено да изнајмат 50 парчиња месечно, велат од H&М. Откако ќе помине еден месец, алиштата ќе може да се платат и зачуваат како свои или да се вратат.

Во моментот услугата е достапна само во Шведска, каде купувачите можат да трошат 350 круни (38,2 долари) неделно.

Доколку се покаже како успешна, H&M планира да го прави ова и во други земји каде што има свои продавници.

Фото: Pixabay