Хаб Скопје преку акцелераторската програма им помага на стартапите да застанат на нозе

20

1

Во Хаб Скопје, во знак на Глобалната недела на претприемништво, Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија, кофинансиран од Владата на Швајцарија, имплементиран од ЦЕЕД Македонија, денеска додели сертификати на 34 млади претприемачи за успешно завршена акцелераторска програма на хабот.

img_6687

Амбасадорот Џес Бејли, Амбасада на САД во Р. Македонија, изјави: “Денеска овде со нас имаме импресивна група на талентирани претприемачи кои се светла иднина на бизнисот во Македонија и регионот. Вашиот претприемачки дух е она што го поттикнува економскиот раст и води до сигурни приходи и нови работни места во Македонија. Хаб Скопје е добро место да ја прославиме Глобалната недела на претприемништво, затоа што Владата на САД преку УСАИД во партнерство со ЦЕЕД го промовира претприемништвото во Република Македонија веќе преку пет години. Често е тешко да се направи првиот чекор и да се влезе во претприемништво. Тешко е да се развие професионален бизнис план, да се добие пристап до финансиски средства, да се подобрат вештините и мрежата неопходни за конкурентна предност. Го цениме трудот на Хаб Скопје да го направи овој процес полесен.”

4

Амбасадорот Сибил Сутер Техада, Амбасада на Швајцарија во Р. Македонија, изјави: “Денеска го прославуваме и Денот на женско претприемништво. Само околу 30% од бизнисите во Македонија се во сопственост на жени, мнозинството од нив се микро и мали претпријатија. Швајцарија цврсто го поддржува женското претприемништво и мило ми е што 58% од учесниците во акцелераторската програма се жени. Се надевам дека во иднина ќе имаме повеќе жени претприемачи во Македонија и многу од нив ќе успеат да го развијат целиот потенцијал на нивниот бизнис и ќе го прошират.”

2

Хаб Скопје е коворкинг простор и акцелератор, место коешто обезбедува пристап до иновативна и инспиративна работна околина за претприемачи и компании во рана фаза, фриленсери и поединци кои сакаат да започнат свој сопствен бизнис.

Започнат од УСАИД во јули 2011 година, кофинансиран од Владата на Швајцарија, Проектот за микро и мали претпријатија во вредност од 3.079.400 милиони долари е петгодишен проект за поддршка на микро и мали бизниси преку тренинг, вмрежување, менторство, консалтинг, поддршка на извозот и пристап до инвестициски фонд. Активностите на проектот се имплементираат во осум региони и ја покриваат целата територија на Македонија. ЦЕЕД Македонија е една од институциите во наследство на УСАИД и е имплементатор на Проектот.