Хабек: Одредени индустрии може да се затворат – Недостигот на гас може да има сериозни последици

60

На Германија и се заканува недостиг на гас доколку испораките од Русија останат на ниско ниво како што е сега, а доколку ги нема доволно до зимата, одредени индустрии ќе мора да бидат затворени, изјави  германскиот министер за економија Роберт Хабек за магазинот „Шпигел“.

„Компаниите би морале да го прекинат производството, да отпуштат работници, синџирите на снабдување би пропаднале, луѓето би се задолжиле за да ги платат сметките за парно, тие луѓе би станале посиромашни“, рече Хабек, пренесува Ројтерс.

Германскиот министер ги истакна и изгледите за натамошно олеснување на компаниите и граѓаните погодени од гасната криза, но предупреди дека нема да биде можно да се апсорбираат сите последици.

Ројтерс, исто така, јавува дека Клаус Милер, шеф на германската регулаторна енергетска мрежа Bundesnecagenturе, изјави денеска за радио АРД дека потрошувачите би можеле да се соочат со двојно или тројно зголемување на трошоците за енергија, кои во некои случаи веќе се зголемени за меѓу 30 и 80 отсто поради зголемените цени.